ШТО БЕШЕ НОРМАЛНО НЕКОГАШ, А БИ ГИ ШОКИРАЛО ДЕНЕШНИТЕ ДЕЦА? Дали денес би знаеле да се договорат за излегување без мобилен телефон?

Во раните 1980-ти, пушењето беше дозволено во автобуси, авиони, кина, ресторани, училници, па дури и во болници. Како би реагирало вашето дете кога би знаело дека жените после породување, си ги разменувале искуствата и пушеле цигари во болничкото ВЦ? Како би реагирало кога би знаело дека понекогаш сте чекале со часови покрај радиото само за да снимите некоја песна на касета? Знае ли воопшто што е тоа касета?

487

Би било интересно да се преселат денешните деца во 70-тите или 80-тите години на минатиот век. Се прашувате како би се снашле? Како би го продолжиле својот живот во светот пред дигиталната револуција, која префрли огромен дел од нашето функционирање на интернет?

Денес речиси секој има мобилен телефон во џебот, но некогаш одамна единствената опција за контактирање на луѓе од улица беше говорницата. Според Федералната комисија за комуникации на САД, во САД останале околу 100.000 телефонски говорници, што е огромен пад од 2 милиони колку што имало во 1999 година.






Дали денешното дете воопшто би знаело да користи телефонска говорница? Се сеќавате ли дека кога ќе одевме на летување со другарите, чекавме ред пред говорницата барем двапати, еднаш за да јавиме дека сме стасале, а вторпат, обично, за да побараме да ни испратат пари за да можеме да се вратиме дома.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини