ЦЕНАТА НА БИТКОИНОТ БЛАГО ПОРАСНА Се продава за 21.668 долари
Биткоинот изгуби околу 27 отсто од својата вредност во последните седум дена и падна за речиси 70 отсто во споредба со рекордното ниво од ноември минатата година.
Биткоинот денеска благо поскапе, но инвеститорите сè уште не можат да закрепнат од драматичните загуби во последните неколку дена, кога најголемата криптовалута во светот падна под 20.000 долари.
Во тргувањето во 3 часот и 40 минути по источноамериканско време, цената на биткоинот беше околу 21.667,90 долари, што е зголемување за речиси 3,0 отсто во однос на претходниот ден, покажуваат податоците на CoinDesk.
Сепак, вредноста на најстариот токен во светот е сè уште на нивоа што не се забележани од декември 2020 година. Биткоинот изгуби околу 27 отсто од својата вредност во последните седум дена и падна за речиси 70 отсто во споредба со рекордното ниво од ноември минатата година.
Другите криптовалути, вклучувајќи го и етерот, исто така благо зајакнаа во последните 24 часа.