НЕКОЈ ТРЕБА ДА СИ ЈА ЧУКНЕ ГЛАВАТА Симовски вели сѐ живо оди на факултет, а во земјава има 17 отсто дипломирани
Директорот на Статистика исто така рече дека соодносот помеѓу вработеното население и процентот на пензионери не е на потребното ниво, кое би овозможило мирни и обезбедени пензиски денови за следните пензионери.
Дипломираните студенти, во кои инвестира државата ни бегаат во странство, алармира директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат.
Како што додава тој, „некој треба да си ја чукне главата“ и да се запраша што се случува со високообразовниот кадар.
– Само 17% со високо образование да имате во државата, а сѐ живо оди на факултет… треба некој да си ја чукне главата, да се запраша каде ни отидоа овие деца. Тие избегаа од државата, тие коишто завршуваат. Не може да биде 40% со средно образование, а само 17% со факултет кога 90% од младите коишто се школуваат во средно заминуваат на факултет. Значи, некаде ги губиме, некаде ни бегаат – вели Симовски.
Симовски исто така рече дека соодносот помеѓу вработеното население и процентот на пензионери не е на потребното ниво, кое би овозможило мирни и обезбедени пензиски денови за следните пензионери.
– Бројките покажуваат дека соодносот помеѓу она население коешто е во економска функција и она коешто е издржувано е тука некаде. Теоријата вели дека за да се издржува еден пензионер треба четворица да работат. Кај нас, околу 700.000 е бројот на активните лица, коишто работат, а некаде, околу 400.000 лица се пензионери. Ни од далеку немаме таков сооднос… – вели Симовски.