ВО ПОТРАГА ПО ЗЛАТО ВО СРЦЕТО НА ХОМОЉЕ Од богата софра, виљамовка и минерални меурчиња и глампинг, до прекрасната Рајкова пештера

Легендата вели дека во Хомољските планини на дното на најубавата пештера се наоѓа богатство кое мештаните од овој крај сè уште неуморно го бараат. Тоа беше дел и од нашиот план, ама домаќините ни ги наполнија стомаците со превкусна храна, не опија со српска виљамовка, не напоија со скокотливите меурчиња на водата што извира на Хомољските планини, ни ги покажаа природните убавини на Рајковата пештера и заборавивме на златото. Па луѓе мои, целото искуство вредеше повеќе од злато!

632

Ако досега не сте знаеле ништо за живописната област Хомоље во соседна Србија, веројатно како и јас, речиси ќе се покаете што сте тргнале затоа што наместо очекуваните 4 ипол часа, ќе патувате барем 6, но ќе се изненадите и колку брзо ќе заборавите на тоа кога само ќе стапнете во оваа прекрасна област од која практично видовме многу малку, но внимателно одбрано да биде – она најдоброто.

Спектакуларниот настан „Хомоље те вика“ беше организиран за партнери, пријатели и за претставници на медиумите од Србија и од Македонија во прекрасниот амбиент на Хомоље, во близина на пештерата на извесен Рајко, во крајот од каде потекнува новата Роса со меурчиња (новиот член на семејството Роса, природната минерална вода), која наскоро ќе може да се најде и на нашиот пазар.






Мултимедијалната визуелна изложба „Длабока шума“, која за прв пат се организира во рамките на една од најубавите пештери во Србија (Рајковата пештера), беше надополнета со искуство за сите сетила во недопрената природа.

Прочитајте го целиот текст и разгледајте ги галериите со фотографии од Хомоље, од Рајковата пештера, од храната, глампингот и од целиот настан, на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини