Концертот по повод платинестата годишнина од владеењето на британската кралица Елизабета, синоќа во Лондон го отвори групата „Квин“.
Ѕвезда на концертот кој го следеа милиони ширум светот и илјадници во Лондон, беше познатат пејачка Дијана Рос.
78-годишната пејачка изгледаше прекрасно облечена во бело-црн фустан, а настапот го заврши со обраќање до кралицата:
– Од сите луѓе овде вечерва и милиони што гледаат низ светот, имаме една едноставна порака за вас: Ви благодариме.
На гала концертот настапија и „Дуран Дуран“, Крег Дејвид, Алиша Кис и Род Стјуарт.