КАКО ЗВУЧЕЛ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО 16, 18 и 19 ВЕК? Јутјуб-видео анализира неколку историски документи

Јазикот од минатите векови е архаичен, но неверојатно потсетува на современиот македонски и е разбирлив.

1,950

Постојат барем неколку документирани примери за македонскиот јазик во вековите пред тој да биде стандардизиран, па дури и пред 19 век. Најстариот податок датира од 16 век, кога ватиканскиот викар Силвестри запишал три народни песни од градот Костур во Егејска Македонија. Јазикот е архаичен, но неверојатно потсетува на современиот македонски и е разбирлив. Силвестри го напишал и првиот Македонски лексикон.






Јутјуб-видеото на каналот „Mario’s History Talks“ детално анализира уште неколку документи од следните векови, меѓу кои Речникот на четири јазици на Даниил од Москополе од 1794 година, кој споредува зборови на македонскиот, грчкиот, албанскиот и ароманскиот јазик, Koниковото евангелие, Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски и други документи. Видеото дава и докази дека јазикот е нарекуван македонски, а не со други имиња.

Меѓу интересните податоци е и дека првата запишана македонска народна приказна од Зборникот на браќата Миладиновци е за царот Александар кој ја барал бесмртната вода.

Поврзани содржини