НАЈСОЧУВАНИОТ ВОДЕН ДИНОСАУРУС ВО СВЕТОТ Го откопувале месец дена, внатре нашле недопрени ембриони
Пардо, палеонтолог од Антарктичкиот истражувачки центар „Гаја“ при Универзитетот „Магеланес“, го открила фосилот пред повеќе од едно десетлетие, но поради екстремните климатски услови, тешкодостапниот терен и оддалеченоста, неговото ископување било сложен логистички предизвик. Научниците го ваделе фосилот 31 ден, бидејќи фосилот е целосен и, секако, не смее да се оштети.
Чилеански научници успешно откопаа еден од најцелосните фосили на ихтиосаурус во светот, со недопрени ембриони, од глечерот Тиндал во областа Патагонија. Зачуваниот фосил на женката рептил научниците го нарекоа Фиона. Долг е четири метри и треба да помогне при проучувањето на ембрионалниот развој на ихтиосаурусите, кои биле во морињата пред 90 до 250 милиони години.
– Овој фосил е единствениот ихтиосаур со ембриони пронајден на планета од пред 129 до 139 милиони години. Значи, ова е неверојатно важно – рече Џудит Пардо, научникот што го откри фосилот.
Пардо, палеонтолог од Антарктичкиот истражувачки центар „Гаја“ при Универзитетот „Магеланес“, го открила фосилот пред повеќе од едно десетлетие, но поради екстремните климатски услови, тешкодостапниот терен и оддалеченоста, неговото ископување било сложен логистички предизвик. Научниците го ваделе фосилот 31 ден, бидејќи фосилот е целосен и, секако, не смее да се оштети.
Four meters high dinosaur fossils found “incredibly important”
A historic and important discovery has been made by researchers in South America.
– It is the first complete and excavated ichthyosaurien found in Chile, says researcher Judith Pardo.
>>>https://t.co/DWlnktW1mn— Niels Poulsen (@Niels5549) May 13, 2022
Фосилот, како што се предвидува, ќе биде изложен во Природонаучниот музеј Рио Секо во јужен Чиле. Пардо изјави дека научниците откриле уште 23 примерока на ихтиосауруси при ископувањата, со што вкупниот број на единки најдени во глечерот Тиндал сега е речиси 100, што го прави подрачјето едно од најнаселените места со ихтиосауруси на планетава.
Интересот за фосили на диносауруси расте не само во Јужна туку и во Северна Америка. Милионерите се заинтересирани за нивно купување на аукции. Вчера, скелетот на диносаурус дејнонихус наречен „Хектор“, беше продаден на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во САД за 12,4 милиони долари. Според нивната интернет-страница, коските на Хектор се подобро сочувани од која било друга единка од овој вид пронајдена досега.
Според наводите, ова е единствениот скелет на „дејнонихус“, којшто отсега ќе биде во приватна сопственост. Називот на овој диносаурус му е даден поради неговите големи канџи, од страна на палеонтологот Џон Остром во 1969 година.
Дејнонихусите живееле во подрачјето на Северна Америка пред околу 115 милиони години. Тие биле грабливци, а нивната способност да стојат на две нозе ги направила пофлексибилни при ловот. Се смета дека овој вид, во еволутивна смисла, е поблизок до денешните птици отколку до влекачите.
Скелетот на Хектор бил ископуван од 2012 до 2014 година во американската сојузна држава Монтана. Според податоците на „Кристи“, дејнонихусот бил висок над три метри.