СРБИЈА ГИ ПРАЗНИ СИЛОСИТЕ ЗА НОВАТА ЖЕТВА Симнато ембаргото за извоз на брашно
Во образложението на одлуката покрај другото се вели дека ќе им овозможи на мелниците да обезбедат пари за откуп на новата реколта.
Српската Влада денеска го симна ембаргото за извоз на брашно откако процени дека со тоа нема да го загрози домашниот пазар и стоковите резерви, а ќе овозможи и силосите да се испразнат пред жетвата, објавија тамошните медиуми.
„Понудата на брашно и пченица на домашниот пазар е добра и слободниот извоз на брашно не може да ја загрози понудата на домашниот пазар, а овозможува растоварување на силосите за прием на новата жетва, како и зачувување на традиционалните пазари, со оглед на тоа дека Србија е традиционален извозник на брашно на пазарите во земјите од регионот“, се наведува во соопштението по седницата на српската Влада.
Во образложението на одлуката покрај другото се вели дека ќе им овозможи на мелниците да обезбедат пари за откуп на новата реколта.
Извозот на пченица и брашно од Србија, како и на пченка и масло, беше забранет на 10 март годинава со цел да се обезбеди снабдување на пазарите за време на кризата предизвикана од војната во Украина, а на 20 април беа одобрени квоти за извозот на тие стоки.