ПРВОТО „НЕ“ ЗА ШВЕДСКА ВО НАТО? Жените Социјалдемократи ја поделија владината коалиција
Ние во федералниот комитет одлучивме да останеме во согласност со нашите одлуки на Конгресот дека Шведска треба да биде воено неврзана и да стои надвор од НАТО, вели Аника Страндал, воедно и министерка за клима и животна средина.
Владејачката коалиција во Шведска е поделена околу тоа дали да се приклучи на НАТО, бидејќи женското крило на Социјалдемократите повика земјата да остане воено неутрална. Аника Страндал, министерката за клима и животна средина, за стокхолмскиот весник „Свенска дагбалет“ изјави дека фракцијата на жените на партијата се противи на влезот во НАТО, јавува Мондо.
Фракцијата има „долга историја и борба за прашања кои се однесуваат на мирот, разоружувањето, детантот и на воената слобода на Алијансата“, рече Страндал, која е претседателка на федералниот комитет на крилото на жените.
– Ние во федералниот комитет одлучивме да останеме во согласност со нашите одлуки на Конгресот дека Шведска треба да биде воено неврзана и да стои надвор од НАТО – додаде таа.
Коментарите на Аника го означуваат првиот голем политички отпор против предлогот Шведска да аплицира за членство во НАТО, а тие доаѓаат непосредно пред оценката за безбедносната политика на земјата, која треба да биде објавена до 13 мај. Коалициската влада треба да одлучи за ова прашање до 24 мај, откако Министерството за надворешни работи објави соопштение.
Друга клучна фигура во Риксдагот, лидерот на шведските демократи Џими Акесон, минатиот месец рече дека ќе ѝ препорача на својата десничарска опозициска партија да се заложи за членство во НАТО доколку соседна Финска поднесе барање за членство во алијансата. Акзесон долго време се противеше на откажување од воената независност на Шведска, како и повеќето Швеѓани, но јавното мислење почна нагло да се менува откако Русија ја започна својата воена офанзива против Украина во февруари.
Истражувањето спроведено од „Новус“ минатиот месец покажа дека 51 отсто од Швеѓаните се за приклучување кон западниот воен блок, што е првпат интервјуерот да најде мнозинска поддршка за кандидатурата за НАТО. Слично на тоа, анкетата спроведена од медиумската куќа ИЛЕ покажа дека рекордни 62 отсто од Финците се за членство во НАТО, откако претходните студии покажаа дека повеќето луѓе се против пристапувањето во блокот.
Шведска има двовековна историја на воена неутралност, бидејќи е надвор од војните од 1814 година. Нејзиниот сосед Финска ја одржува својата неутралност од крајот на Втората светска војна.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вети дека наскоро ќе добие одобрение за Шведска и Финска доколку двете земји поднесат барање за приклучување кон Алијансата. Шведската премиерка Магдалена Андерсон минатиот месец рече дека референдум за ова прашање нема да биде неопходен доколку Риксдагот ја одобри понудата.
Некои светски лидери, како што се кинеските официјални претставници и јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса, сугерираат дека НАТО ја поттикна кризата во Украина со прекршување на ветувањата против ширење на исток по Студената војна во 1991 година.
На слично мнение беше и папата Франциск кој не го обвини директно НАТО, но рече дека зголеменото присуство на Алијасната на вратите на Русија веројатно придонело за окупацијата.