УШТЕ МАЛКУ ОСТАНА Соберете си мечкин лук, полековит е од обичниот и штити од инфаркт

Ако ја пропуштивте сремушијадата, традиционално собирање на мечкин лук (сремуш) на Скопска Црна Гора, не очајувајте. Искористете го претстојниот викенд и сигурно ќе најдете уште од оваа фантастична дива билка

331

Време е за берба на мечкин или, како што уште се нарекува, див лук, билка која ќе ја препознаете по интензивниот мирис на лук, а можете да ја најдете ако прошетате периодов во природа.

На пример, постои група позната како „Убавините на Скопска Црна Гора“ која, меѓудругото, ја организира и традиционалната Сремушијада, традиционално собирање на мечкин лук (сремуш) на падините на Скопска Црна Гора.






Дивиот лук расте во почеток на пролетта, па се уште можеда се најде периодов. Оваа самоникната шумска билка Allium ursinum, позната и како сремуш, див лук и шумски лук, често се нарекува и мечкин лук затоа што оваа билка им е вистински пролетен деликатес не само на луѓето, туку и на мечките.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини