КОВАЧЕВСКИ АПЛАУДИРА НА „СКОПЈЕ 2014“ ВМРО-ДПМНЕ вели дека сега чита текст од менторот против „криминалниот проект“ ВИДЕО
Иако Ковачевски е видно најрадосен и можеби најсреќен за проектот „Скопје 2014“, како што можеше да се забележи на видеото, а воедно и редовен одобрувач на настаните и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш потврдуваме Димитар Ковачевски не е член на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција, прикажа видео материјал од отворањето на Македонскиот народен театар во 2013 година, инаку дел од проектот „Скопје 2014“, каде има неколку фрагменти од тоа како актуелниот премиер Димитар Ковачевски видно задоволен присуствува на отворањето на новиот објект од културата.
Од партијата велат дека Ковачевски е крајно лицемерен лик и по насока на неговите политички ментори од СДСМ зборува за „Скопје 2014“ нарекувајќи го криминален проект.
– Архивските снимки покажаа дека тој лично се восхитувал на овој проект, учествувал во настаните за отворање на објекти од Скопје 2014-та, и со задоволство аплаудирал. Предлагам да погледнеме како тоа изгледа на видео. Иако Ковачевски е видно најрадосен и можеби најсреќен за проектот „Скопје 2014“, како што можеше да се забележи на видеото, а воедно и редовен одобрувач на настаните и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш потврдуваме Димитар Ковачевски не е член на ВМРО-ДПМНЕ – рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека оваа видео ја покажува дволичност на Ковачевски и праша: На кој Ковачевски да му веруваме? На оној од 2013-та кој е видно радосен и во првите редови и кој аплаудира на проектот Скопје 2014, или на овој денес кој чита напишан текст од неговите политички ментори.
– Ковачевски бил во првите редови со аплаузи, со радости, со почести, со сите нишани на тоа што денес го нарекува „криминален проект“, „осудено лице“ и „криминал на ВМРО-ДПМНЕ“. Практично Ковачевски со овие две различни ситуации изјави, покажува дека е само киднапирано лице во СДСМ кое нема право на сопствено мислење, туку има единствено право на мислење како неговите ментори од СДСМ кои го поставија за претседател. Човек без сопствено мислење како Ковачевски, гледаме и самите дека не може да води држава. Тоа го видовме изминативе неколку месеци. Очигледно е, Ковачевски нема свој интегритет, воден е за рака од своите политички ментори во СДСМ и беспоговорно чита што тие ќе му напишат. Затоа велиме дека тој човек нема што ново да понуди. Тоа го видовме изминативе неколку месеци. Сега уште полошо, од најлошото на Зоран Заев, а знаеме сите колку беше лошо во времето на Заев – рече Арсовски.
Тој го повика премиерот да се охрабри и да го провери својот легитимитет помеѓу граѓаните, на избори.