НИЗ ШТО ПОМИНУВААТ МАЈКИТЕ КОИ РАЃААТ СО ЦАРСКИ РЕЗ? Слоеви и слоеви за да се стаса до бебето
Царскиот рез е сериозна абдоминална операција, а како изгледа оваа комплицирана процедура покажува видеото во кое се гледа колку слоеви треба да се пресечат за да се дојде до бебето.
Акушерката Триш Веар објави неверојатно видео во кое покажа низ што поминува телото за време на царски рез.
„Вашето патување е неверојатно“, вели таа во видеото во кое покажува неколку квадрати од филц кои ги претставуваат слоевите на стомакот што лекарите треба да ги исечат за да дојдат до бебето.
Веар покажува дека лекарите прво ја сечат кожата, а потоа слој од масти и фасција, сврзното ткиво што ги опкружува органите, за да стигнат до мускулите. Потоа, според Веар, се прави вертикален засек низ мускулите и перитонеумот, мембраната што ја формира обвивката на абдоминалната празнина, која лежи на врвот од меурот. Конечно, се прави хоризонтален засек во матката за да се стигне до амнионската кеса во која се наоѓа бебето. Кога таа ќе пукне, се раѓа бебето.
„Царскиот рез е сериозна абдоминална операција“, додава Веар, јасно покажувајќи го тоа со овој приказ на комплицираната процедура.
Видеото можете да го видите на порталот „Мајка и дете“.