АЛБАНЦИТЕ ДА БИДАТ СТОЛБ НА ЕВРО-АМЕРИКАНСКИОТ ДУХ ВО РЕГИОНОТ Груби порача дека лозинката за ЕУ е Украина

Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивен и суштински пристап во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција, порача Груби.

607

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска во Тирана присуствува на конгресот на Социјалистичката Партија.

Тој се обрати пед присутните, апелирајќи за единство на Албанците од регионот.






– Мило ми е што нè собравте сите во Тирана, од Скопје, Приштина, Прешево, Црна Гора, регионот и од Европа. Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивен и суштински пристап во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција – порача Груби.

Тој додаде и дека денес, во 21 век, уште една апсурдна полемика од 18 век ни ја држи вратата на Брисел затворена во лице.

– Ни се случува Мариупол, Буча, Киев, Луганск, Доњецк, војни, здравствени кризи, економски, воени кризи, вртоглави цени и несигурност насекаде, а ние во 2022 година треба да одлучиме кој што бил и на кој јазик зборувал во 1945 година. Гледам дека Европската Унија ја изгубила лозинката за надминувањето на насобраните проблеми и не може да ја најде затоа што некој ја сменил и во последните 50 дена до ден денес лозинката е Украина, со големо У“ – вели Груби.

Поврзани содржини