КЛУЧНИОТ ГРАД ЗА РУСИТЕ Ако сака да го заземе цел Донбас до 1 мај, Путин мора да го добие Славјанск
Тие (Русите) одат на југ до Камјанка бидејќи тоа е патот до Славјанск. Прислушкувавме некои од нивните разговори, нивната задача е да го окупираат регионот Доњецк од север, изјави минатата недела за Си-Ен-Ен Макс Стрелник, заменик во канцеларијата на градскиот совет на Изиум.
Руската окупација на Украина испадна многу поскапа и понеуспешна отколку што очекуваа повеќето аналитичари во првите шест недели, а експертите сега веруваат дека Москва го менува својот воен пристап, пишува Си-Ен-Ен. Новата стратегија на Владимир Путин ќе биде да се заземе Донбас до 1 мај, велат американските разузнавачи. Ова го прави градот Славјанск, клучен град во наредените недели.
Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) очекува руските трупи да започнат офанзивни операции против Славјанск од блискиот град Изиум во наредните денови.
– Тие одат на југ до Камјанка бидејќи тоа е патот до Славјанск. Прислушкувавме некои од нивните разговори, нивната задача е да го окупираат регионот Доњецк од север – изјави минатата недела за Си-Ен-Ен Макс Стрелник, заменик во канцеларијата на градскиот совет на Изиум.
– Ако зборуваме за клучните насоки во кои ќе се водат борбите – тоа се градовите Славјанск и Барвинкова – рече Вадим Денисенко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи.
Градот има 100.000 луѓе, околните градови се окупирани
Жителите на Славјанск, град во кој пред инвазијата имаше нешто повеќе од 100.000 луѓе, сега се повикани на евакуација, додека украинските сили се подготвуваат да го одбранат од нов руски напад. Ако руските сили го совладаат Славјанск, тие би можеле да ги отсечат украинските сили во поширокиот регион.
⭕️🇺🇦 #Ukraine: Reportedly, 🇷🇺#Russia’s forces are pushing towards the direction of Slavyansk, from two directions. pic.twitter.com/4VkTXvxwtg
— 🅻-🆃🅴🅰🅼 (@L_Team10) April 1, 2022
Славјанск беше клучен и во 2014 година
Славјанск беше главната точка на конфликтот во војната во регионот на Донбас во 2014 година и накратко беше под контрола на проруските сепаратисти пред да биде потиснат од украинските сили во јули истата година. Неговото значење сега лежи првенствено во фактот што од три страни е опкружен со градови што ги држи Русија – Изиум на север, Луганск на исток и Доњецк на југ.
Русите мораат да ги поврзат трупите
Успешниот руски напад врз градот би ѝ дал на Москва опција да ги поврзе трупите со оние што се борат во Рубижне, североисточно од Славјанск, или да ги премести на југ кон Хорливка и Доњецк.
„Доколку руските сили не можат да го заземат Славјанск, малку е веројатно дека руските фронтални напади врз Донбас сами ќе ја пробијат украинската одбрана, а руската кампања за окупација на целата област Луганск и Доњецк веројатно ќе пропадне“, наведува ИСВ.