РОБОТСКО КУЧЕ ЌЕ ЈА ЧУВА ПОМПЕЈА ОД КРАДЦИ Спот се пика под рушевините и го скенира просторот (ВИДЕО)
Додека Спот може да се пофали со сопствен самостоен скенер базиран на ласер и камера во боја со видно поле од 360 степени, тој исто така може да се поврзе со дронот BLK2FLY за тимски и координирано да го следат теренот.
Античката легенда вели дека Римската империја своето создавање ѝ го должи на една волчица. Тоа била волчицата-мајка која ги доела браќата Ромул и Рем. А денес, повеќе од 2.700 години подоцна, урнатините на Помпеја имаат нов заштитник, пишува ИФЛ Наука. Не е волк, ама е куче. Роботско куче од Бостон Дајнамикс, наречено Спот, е совршено дизајнирано за оваа професија, велат градските власти.
Првично развиен во 2015 година, Спот беше направен за мисии за пребарување и спасување во ситуации премногу опасни или недостапни за луѓето. Тој, исто така, е исклучително стабилен на нозе, дури и на нерамна или на лизгава почва. Сега, Спот ќе се пика во рушевините и гробниците на Помпеја каде роварат крадците, а ризикот нешто да ви се сруши над главата е голем.
„Денес, благодарение на соработката со високотехнолошките компании и во пресрет на успешните експерименти, сакаме да ја тестираме употребата на овие роботи во подземните тунели направени од нелегални багери и кои ги откриваме во областа околу Помпеја“, вели Габриел Цухтригел, генерален директор на археолошкиот парк Помпеја, во соопштението за печатот.
„Често безбедносните услови во тунелите ископани од ограбувачите на гробови се крајно несигурни, како последица на што употребата на робот (ско куче) може да биде пробив што ќе ни овозможи да продолжиме (да работиме) со поголема брзина и целосна безбедност“.
Спот не е единствената високотехнолошка алатка која ќе си ги проба силите на античкиот археолошки локалитет. Истражувачите на паркот веќе експериментирале со дронот Leica BLK2FLY – летечки ласерски скенер способен сам да направи 3D скенирања од просторот, се открива во соопштението за печатот.
Додека Спот може да се пофали со сопствен самостоен скенер базиран на ласер и камера во боја со видно поле од 360 степени, тој исто така може да се поврзе со дронот BLK2FLY за тимски и координирано да го следат теренот.
Новиот дом на Спот, локалитетот Помпеја, се простира на 66 хектари со антички и несигурни урнатини. Неговото регрутирање дојде токму на време. Иако Помпеја преживеа и остана недопрена речиси два милениуми по ерупцијата на вулканот Везув, во последниве години локацијата почна да станува жртва на уште посмртоносниот непријател од вулканите: луѓето.