БАЈДЕН Е СЛАБ, БОЛЕН И НЕСРЕЌЕН Москва ја коментира изјавата на американскиот претседател
Американските граѓани треба да се срамат од својот претседател. Можно е и да е болен. Би било добро да се подложи на лекарски преглед, додаде спикерот на државната Дума.
Вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој во говорот во Варшава рече дека „Путин не може да остане на власт“, предизвика гнев кај политичарите во Москва и е протолкувана како драматичен пресврт во надворешната политика на САД.
Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин овој настап на Бајден го нарече „недипломатски“ и „хистерија“.
– Бајден е слаб, болен и несреќен – искоментира Володин на мражата Телеграм.
– Американските граѓани треба да се срамат од својот претседател. Можно е и да е болен. Би било добро да се подложи на лекарски преглед – додаде спикерот на државната Дума.