УНГАРИЈА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА УКРАИНА Нема оружје и нема санкции за руските енергенси
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто истакана дека не сака да ја ризикува безбедноста на своите граѓани.
Унгарија го одби барањето на Украина, да ѝ дозволи испорака на оружје преку нејзината териоторија, како и да го прекине увозот на руска нафта и гас.
Во образложението, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, истакана дека не сака да ја ризикува безбедноста на своите граѓани.
– Унгарската влада нема да го дозволи тоа, бидејќи не сака да ги ризикува животите на своите граѓани и не сака да ја плаќа високата цена на војната – соопшти Сијарто.