АКО КИНА Ѝ ПОМОГНЕ НА РУСИЈА Бајден му ги посочи последиците на Си Џинпинг

Односите меѓу државите не можат да влезат во фаза на воена конфронтација. Конфликтот и конфронтацијата не се во ничиј интерес. Мирот и безбедноста се омилените богатства на меѓународната заедница, рече кинескиот претседател.

3,224

Лидерите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг денеска преку видео повик разговараа за ситуацијата во Украина, при што Бајден ги наведе последиците за Кина ако го поддржи рускиот напад врз Украина.

Белата куќа околу 16 часот соопшти дека разговорот е завршен. Разговорот траел час и 50 минути.






Средбата на двајцата лидери започнала нешто по 14 часот по локално време, а ова беше прв пат да разговараат по видео-самитот во ноември минатата година.

За време на разговорот, Си Џинпинг му рекол на Бајден дека конфликтите и конфронтациите не се во ничиј интерес.

– Односите меѓу државите не можат да влезат во фаза на воена конфронтација. Конфликтот и конфронтацијата не се во ничиј интерес. Мирот и безбедноста се омилените богатства на меѓународната заедница – рече Си за време на повикот, пренесува CCTV.

Тој додаде дека „украинската криза е нешто што тие не сакаат да се случи“.

За време на разговорот, Си рече дека Кина и САД имаат одговорност да обезбедат мир.

– Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН и двете најголеми светски економии, ние не само што мораме да го водиме развојот на кинеско-американските односи во вистинската насока, туку и да ги преземеме нашите меѓународни одговорности и да вложуваме напори за мир и спокојство во светот – рекол кинескиот претседател, пренесуваат локалните медиуми.

Претседателот на Кина посочи дека Кина и САД мора да ги водат билатералните односи во вистинска насока и да преземат меѓународна одговорност и да вложат напори за постигнување светски мир.

Белата куќа соопшти дека Џо Бајден во речиси двочасовен телефонски разговор со кинескиот лидер „ги претставил импликациите и последиците доколку Кина ѝ даде материјална поддршка на Русија“.

Бајден ги презентираше ставовите на САД и американските сојузници и партнери за оваа криза. Тој детално ги опиша напорите на САД да го спречат нападот, „вклучувајќи и наметнување трошоци на Русија“.

Бајден ја истакна својата поддршка за дипломатско решение на кризата. Двајцата лидери, исто така, се согласија за важноста од одржување на отворени линии на комуникација за управување со конкуренцијата меѓу двете земји.

Портпаролот на Белата куќа рече дека двочасовните разговори биле „директни, значајни и детални“.

Овој разговор привлече големо внимание кај сите бидејќи никој не знае точно што да очекува. Да потсетиме, Кина се обидува да „одржи рамнотежа“ од почетокот на украинската криза и официјално не ја осуди одлуката на Путин, но Си Џинпинг истакна дека ситуацијата е загрижувачка, дека Кина „исклучително жали“ за војната и ќе „работи активно“ и ќе поддржи мирно решение на конфликтот“.

Поврзани содржини