ЛАГА Е ДЕКА ЛАВРОВ ГО СВРТЕ АВИОНОТ Захарова ги демантираше западните медиуми

Ова е значи, ненадминато. Германскиот весник „Билд“ победи во пласирањето лажни вести, пишувајќи дека Лавров синоќа одлетал во Пекинг, но претседателот (Путин) наредил министерот да се врати, напишала Захарова на Телеграм, пренесува Спутник.

1,027

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова денеска изјави дека се лажни наводите на германски „Билд“ дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се вратил во Москва на половина пат до Пекинг.

„Ова е значи, ненадминато. Германскиот весник „Билд“ победи во пласирањето лажни вести, пишувајќи дека Лавров синоќа одлетал во Пекинг, но претседателот (Путин) наредил министерот да се врати“, напишала Захарова на Телеграм, пренесува Спутник.






Како што објасни таа, во написот се тврди и дека авионот со Лавров наводно свртел кај Новосибирск и слетал на аеродромот Внуково.

Поврзани содржини