БИ САКАЛА ДА ГО НОСАМ ТВОЕТО БЕБЕ НАМЕСТО ТЕБЕ Ѝ била сурогат мајка на најдобрата пријателка
Никол и Ендру се обидувале да имаат бебе неколку години кога најдобрата пријателка на Никол, Лорен, се понудила да биде нивен сурогат. Од тој момент, нивните животи се промениле на неверојатни начини. Од таа приказна се родила малата Френки, која сега има четири години. Дали би го направиле ова за вашата пријателка
Лорен и Никол се пријателки од 2000 година. Заедно студирале право во Канбера и со години биле цимерки. Тие поминале заедно низ многу работи. Во меѓувреме, Лорен добила три момчиња, а Никол секогаш се чувствувала како нивна втора мајка бидејќи биле многу блиски.
Никол и нејзиниот сопруг четири години се обидувале да основаат семејство преку асистирана репродукција, но не биле успешни поради ендометриозата и имунолошкиот систем.
„Еден ден ја добив пораката: „Би сакала да го носам твоето бебе ако сакаш.“
Никол била шокирана бидејќи сурогат мајчинството не било нешто за што размислувала. „Но, беше големо олеснување затоа што знаев дека имам потенцијален резервен план“, вели Никол.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.