ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПОСЕТИ РАНЕТИТЕ Најдобриот подарок за вашата жртва ќе биде нашата победа!

„Во посета на нашите ранети борци. Момци закрепнете брзо. Верувам дека најдобриот подарок за вашата жртва ќе биде нашата победа“, напиша Зеленски на Фејсбук.

654

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска попладне ја посети болницата во Киев, каде го поддржа персоналот што се грижи за пациентите и ранетите украински војници.

„Во посета на нашите ранети борци. Момци закрепнете брзо. Верувам дека најдобриот подарок за вашата жртва ќе биде нашата победа“, напиша Зеленски на Фејсбук.






Советникот на украинскиот претседател Михаило Подолијак мисли дека ќе „постигне конкретни резултати“ во преговорите со Русите во следните неколку дена.

Во видеото објавено на Твитер, Подолијак, рече дека Русија „станува многу почувствителна за позицијата на Украина“ и дека „почнала да разговара конструктивно“.

– Нашите предлози се на маса. Тие се многу цврсти. Меѓу нив се повлекување на војниците и прекин на огнот. Нема да се откажеме од ниту една точка, од принцип – додаде Подолијак.

Поврзани содржини