ОВАА ФОТОГРАФИЈА ДЕНЕСКА СЕ ШИРИ КАКО ШУМСКИ ПОЖАР Еве која приказна стои зад неа (ФОТО)

Фотографијата на која стои една двојка обвиткана со знамиња денеска стана симбол на надежта по рускиот напад на Украина.

8,049

На интернет денеска како шумски пожар се шири фотографија од една двојка на концерт. Тој носи украинско знаме, а таа руско и се држат за раце.

Таа фотографија денеска стана симбол на надежта по рускиот напад на Украина, а ова е приказната која стои зад неа.






Русинката Јулијана Кузњецова и нејзиниот свршеник во 2019 година беа на концерт на белорускиот музичар Макс Корж во Варшава. Таа во еден момент ги забележала руското и украинското знаме во публиката и ја добила идејата за фотографијата. Имено, нејзиниот тогашен свршеник е Украинец.

Тие се завиткале со знамињата па се фатиле за раце и така позирале. Фотографијата ја објави на својот инстаграм-профил, а ја споделија и некои фан страни на раперот чиј концерт во тој момент се одржуваше.

– Немавме политички намери со оваа фотографија. Но, кога фотографијата се рашири на интернет, сфатив: можеби таквата фотографија ќе им даде надеж на луѓето. И верувањето дека сѐ може да биде во ред, без разлика на сѐ. Љубовта може да победи сè – рекла Јулијана во 2019 година за „Вашингтон пост“.

ФОТО: Инстаграм/Juliana Kuznetsova

 

Поврзани содржини