ОВА СЕ ЗНАЦИ НА ЕМОЦИОНАЛНО ЗАПОСТАВУВАЊЕ КАЈ ДЕТЕТО Злоупотребата не мора да биде само физичка

Иако најмногу се зборува за физичко малтретирање, постои и емоционална злоупотреба која остава длабоко влијание врз менталниот раст и развој на детето.

321

Негирањето на љубовта и поддршката, отфрлањето, критиките, заканите, омаловажувањето и прозивањето се форми на емоционална злоупотреба, а нивното влијание е видливо во зрелоста. Тоа може да влијае на личните односи, кариерата, па дури и на односот со децата.

Емоционалната злоупотреба понекогаш коегзистира со физичка злоупотреба, сексуална злоупотреба или занемарување и е една од формите на злоупотреба кои се најтешки за препознавање. Полека и постојано ја нарушува самодовербата на детето. Иако емоционалната злоупотреба е прилично тешка, емоционалното запоставување е всушност честа појава во повеќето домаќинства, а проблемот е што повеќето родители не ги препознаваат ни знаците што укажуваат на тоа.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини