ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА КАЈ ПОДМОЛЈЕ Сударот се случил ноќеска после полноќ

Во сударот на лице место загинал Х.К., додека со тешки телески повреди се здобил М.Л. кој со возило на Службата за итна медицинска помош е префрлен на интервенција во Специјалната болница за оротопедија и травматологија „Свети Еразмо“.

294

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што ноќеска половина час после полноќ се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Подмолје.

До несреќата дошло при судар на две патнички моторни возила со охридски регистерски таблички, и тоа „aуди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта и „фолксваген поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид.






Во сударот на лице место загинал Х.К., додека со тешки телески повреди се здобил М.Л. кој со возило на Службата за итна медицинска помош е префрлен на интервенција во Специјалната болница за оротопедија и травматологија „Свети Еразмо“.

По наредба на јавен обвинител врз телото за загинатиот ќе биде извршена обдукција, додека причните за несреќата ќе ги даде истрагата.

Поврзани содржини