ОБОЖАВАТЕЛИТЕ ШОКИРАНИ ОД ИЗГЛЕДОТ НА НИКОЛ КИДМАН Ова не е нејзиното тело! (ФОТО)

Фановите останаа шокирани кога ја видоа актерката која поради количината на фотошоп изгледа речиси непрепознатливо.

2,983

На интернет постојано се коментираат нови фотографии од актерката Никол Кидман (54), објавени во магазинот „Венити фер“. Фановите останаа шокирани кога ја видоа актерката која поради количината на фотошоп изгледа речиси непрепознатливо.

Таа носела провокативен комплет на модниот бренд „Миу Миу“, пишува „Мирор“. Така, Никол ја покажалаа завидната линија, голиот стомак и  долгите нозе. Иако актерката на фотографиите го одзема здивот, многу фанови веднаш забележаа дека фотографијата е средувана.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair)


– Никол има одлично тело, но тоа не е нејзиното тело. Нејзината фигура воопшто не изгледа така. Зошто ја фотошопирале? – напишал еден обожавател на Твитер.

– Вознемирен сум од количината на фотошоп на фотографијата – додал друг.

– Кој дел од прекрасното тело на Никол Кидман ќе го фотошопираме оваа година за да покажеме непочитување кон неа? – прашал третиот.

Некои, пак, ја пофалија актерката и нејзиниот неверојатен изглед. Од друга страна, ја критикуваа облеката.

– Кој ја облекол така? – коментирашл еден обожавател на Инстаграм.

– Таа е успешна актерка која е номинирана за Оскар. Зошто е облечена како ученичка? Не разбирам – напишале тие.

Инаку, Никол Кидман со својата улога во филмот „Да се биде Рикардос“ е фаворит за Оскар во категоријата за главна женска улога.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини