ПОЧНУВА СКРИНИНГОТ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ Тестирањето со брз тест ќе се одвива во училиштата

Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици.

211

Во основните училишта денеска почнува скринингот кој ќе покаже каква е трансмисијата на ковид-19 меѓу учениците. Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи.

Скринингот ќе почне во основните училишта, а ќе го спроведат тимови од здравствени работници кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат доставени на анализа во Институтот за јавно здравје и епидемиолошките служби, со цел да се добие реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта.






Скринингот ќе се одвива во училиштата, а децата чии родителите дале согласност ќе бидат тестирани со брз тест во училиштата и нема да има потреба да ги носат во центрите за јавно здравје како што првично било планирано.

 

Поврзани содржини