УЧИЛИШТЕ ПРЕСТАНАЛО ДА ИМ СЛУЖИ МЕСО НА ДЕЦАТА Учениците учат како да придонесат за заштита на средината

Родителите ја критикувале одлуката на основното училиште Бароуфорд во Ланкашир да престане да служи месо и да им нуди на учениците исклучиво вегетаријански оброци,

222

Откако основното училиште Бароуфорд во Ланкашир престанало да служи месо и почнало да им нуди на учениците исклучиво вегетаријански оброци, некои родители биле револтирани.

Правилото е воведено пред повеќе од една година, а од училиштето велат дека ниту еден родител не поднел формална жалба. Сепак, The Sun пишува дека неколку родители ја осудиле одлуката, додека една мајка размислува да ја испише ќерката од училиште.






„На ќерка ми ѝ беше послужена вегетаријански колбас. Доста ми е од тоа училиште, сакам да ја префрлам во друго. Мислам дека заборавија дека оние што не јадат месо мора да земаат многу суплементи“, вели таа додавајќи дека за промената дознала преку електронска пошта.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини