КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ СВЕЖ И СУВ ЃУМБИР Што се користи за загревање и детоксикација, а што за кашлица, реума и стомак?

Треба да се напомене дека постои важна разлика помеѓу употребата на свежиот и сувиот ѓумбир, па затоа ориенталната медицина препорачува свеж корен од ѓумбир за загревање на телото, потење и исфрлање на штетни материи, а сув корен против кашлица, реума и стомачни проблеми.

396

Ѓумбирот со векови се користи како зачин за многу јадења и има подеднакво долга традиција како помошно средство во лекувањето на многу болести. По потекло од Азија, сега се одгледува низ целата планета и најмногу се користи во Индија.

Ова коренско растение содржи протеини, есенцијални масла, железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, фолна киселина, витамин Ц и витамин Б6, џинџерол, зингерон. Ѓумбирот е добар антиоксидант, антисептик, аналгетик, антикоагулант и неговите лековити својства се докажани со многу научни студии. Традиционалната медицина најчесто го препорачува како природен лек против разни видови воспаленија, настинки, кашлица и надуеност.






Корисен е за поттикнување апетит, ја поттикнува циркулацијата и потењето, а во последно време се користи и како помошно средство за слабеење.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини