ПОПЛАДНЕВНА ВИКЕНД ДРЕМКА Научниците откриваат зошто е лоша идеја

Како да не ги уништите циклусите на спиење во викендите

277

Викендите се наменети за одмор и за завршување на работите кои не сме стигнале да ги сработиме во работната седмица, но многумина во попладневните часови сакаат да дремнат. Сепак, како што откриваат научниците, ова не е добра идеја. Тие откриле дека попладневната дремка во викенд може да влијае на циклусот на сонот и советуваат да останеме будни и активни и во викенди.

– Надокнадувањето на сон во викендите само ги продолжува лошите циклуси на спиење – тврди Стефани Ромизевски, експерт за спиење.






Тој додава дека е во ред е да се дремнува од време на време, но ако тоа стане рутина ќе се формира патерн на спиење кој ќе го поремети ноќниот сон.

Експертите за спиење откриваат дека најдобра поза за спиење е онаа на грб што овозможува тежината да е распределена рамномерно. Тие советуваат и да не се спие со повеќе перници или со висока перница затоа што така вратот се мести во неприродна положба што може да предизвика болки и вкочанетост.

Поврзани содржини