ИЗГУБЕНИОТ СВЕТ НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА Дали се сеќавате на овие шари и бои?
Слики што одамна ги нема на телевизиските екрани, а имаат своја историска улога
Постарите сигурно се сеќаават на ова глетка на телевизиските екрани, а помладите генерации ги знаат од серии и филмови. Но што е тоа што се појавуваше на екраните, бои и лини, кругови и шифри?
Овој тест за телевизорите се користеше во времето кога уште телевизиите имаа работно време и не емитуваа сигнал во текот на целиот ден. Тестот се пушташе пред и после завршувањето на програмата, обично проследен со некој звук или музика.
Многумина се сеќаваат на оваа глетка, која беше дел и од нашите екрани до средината на 90-тите кога на вториот и третиот канал на МТВ немаше целодневна програма.
Се работи за чисто техничка глетка, тест со кој се гледачите ќе можат да ја наместат сликата за да добијат најдобар квалитет. А тестот е стар колку и телевизорите. На почетокот додека телевизорите беа со црно-бела слика се користеа нијанси, а кога стигнаа телевизорите во боја почна да се користи и палета на бои. Боите секогаш се во ист ред – бела, жолта, цијан, зелена, магента, црвена и сина. На тест картиците се наоѓаат и повеќе нијанси на црна кои имаат за цел да го регулираат контрастот на сликата.
Најпознатиот тест е дело на Филипс, создаден во 1966, а од многуте држави токму тој се користеше и во Југославија, како и од Телевизија Скопје.