ВМРО-ДПМНЕ ПОСАКУВА ЕДНА, ДОДЕКА БЕСА ТРИ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ Во потрага по консензусот за измените во Изборниот законик
Според Антонио Милошоски, од БЕСА се заинтересирани за три изборни единици, наместо актуелните шест.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека оствариле консултации со пратениците од БЕСА, со цел да ги дознаат нивните ставови околу предложените измени на Законот за избори.
Според Антонио Милошоски, од БЕСА се заинтересирани за три изборни единици, наместо актуелните шест.
– Остваривме средба со пратениците од Пратеничката група на БЕСА и остваривме средба со пратеникот Панчо Минов кој што е потписник на предложениот закон за една изборна единица. Со колегите пратеници од БЕСА сме на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица додека ставот на БЕСА е дека три изборни единици. Со пратеникот Панчо Минов имаме заеднички став околу тоа дека една изборна единица би била успешен и репрезентативен модел за целата држава и за граѓаните со тоа што би се разговарало за изборниот праг кој што во моментов не е утврден – изјави Милошоско.
Тој потсети дека предлогот измените за Законот за избори сè уште се наоѓа во фиокатата на спикерот на собранието Талат Џафери, кој барем засега не дозволува јавна разсправа по предложениот материјал.