ЕГИПЌАНИТЕ ПОДДРЖУВААТ ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Очекуваат загаранирани пратенички мандати за помалите заедници

Коалицијата семта дека не треба да се прават измени во Уставот, но ако се прават прво Египќаните треба да бидат впишани па потоа Бугарите.

315

Коалицијата на Египќани  ја поддржува иницијативата за измени на Изборниот законик, бидејќи ќе овозможи да има 90 пратеници во Парламентот плус загарантирани пратенички мандати за помалите етнички заедници.

– Загарантираните пратенички места за помалите етнички заедници, кои не треба да бидат повеќе од 10, ќе придонесат за подобра репрезентативност на граѓаните кои припаѓаат на помалите етнички заедници во законодавниот дом. Имаме, во изборните процеси, злоупотреба на гласовите на Египќаните и Ромите кои се едни од најранливите етнички заедници – вели лидерот на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција за Египќани Демир Далип.






Тој посочува дека вакви, модели имаат Косово, Хрватска, Словенија и Унгарија.

– Ако тоа се спроведе и во Македонија, само ќе придонесе кон развој на демократските процеси и заштита од притисоци и уцени на граѓаните на помалите заедници пред и во текот на изборниот процес – вели  Далип.

Тој смета дека не е време за измени во Уставот, но ако има тогаш прво Египќаните треба да бидат впишани.

– Сега не е време за отварање на Уставот, но ако се отвори, прво треба Египканите да влезат во истиот па потоа Бугарите и сите оние кои се позиционирани во категоријата ,,и други“- вели Далип.

Поврзани содржини
na