ТРОЈЦА СПОРТИСТИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВАТ МАКЕДОНИЈА ВО ПЕКИНГ Знаменосци на отворањето се Цветановска и Дехари
Делегацијата ја предводи Ана Цветановска (крос кантри - дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично - настап на 5 и 10 февруари), заедно со Дардан Дехари (слалом и велеслалом - настап на 13 и 16 февруари) и со Ставре Јада (крос кантри - дисциплини спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно - настап на 8 и 19 февруари).
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, денеска беше претставена македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри Пекинг 2022.
Делегацијата ја предводи Ана Цветановска (крос кантри – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично – настап на 5 и 10 февруари), заедно со Дардан Дехари (слалом и велеслалом – настап на 13 и 16 февруари) и со Ставре Јада (крос кантри – дисциплини спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно – настап на 8 и 19 февруари).
Ставре Јада се заблагодари на МОК посебно за делот на финансирањето и на доделените 54.000 американски долари за припреми и учество на натпревари. Истиот износ, по 54000 американски долари беше инвестиран и во Михаела Даноска и Мирко Лазаревски кои за жал не успеаа да обезбедат Олимписка норма. Дардан Дехари доби посебна финансиска помош од 300.000 денари за своите подготовки.
Македонското знаме на церемонијата на отварање на ЗОИ ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.