КОРОНАТА Е ГАДНА, АМА БАКТЕРИИТЕ УБИЈА 5 МИЛИОНИ ЛУЃЕ Еве која е третата водечка причина за смртност во светот
Во 2019 година, бактериите убиле 4,95 милиони луѓе, што се приближува до бројката од 5,6 милиони починати од коронавирусот во изминативе две години од пандемијата. Ако трендот продолжи, до 2050 година можеме да имаме и до 10 милиони починати од супербактерии, а пиењето антибиотици само го разгорува овој проблем.
Супербактериите, односно бактериите кои станале отпорни на антибиотици успеале да убијат 4,95 милиони луѓе во светот во 2019 година, што ги прави трета најголема причина за смртност, пишува ИФЛ Наука, а со тоа се приближуваат до бројката од 5,6 милиони починати од коронавирус кои починале во изминативе две години од пандемијата.
Всушност, бактериите убиле повеќе луѓе од СИДА-та и маларијата заедно. Дека заразата со бактерии е во пораст со децении им беше познато на научниците, но никој не предвиди дека тие ќе дојдат до врвот на списокот.
За споредба, СИДА-та убила 860.000, а маларијата 640.000 луѓе истата 2019 година. Заедно двете болести убиле околу милион и пол луѓе. Тоа пак е малку во споредба со бактериите. Дури и да ги одземеме случаите каде антибиотиците не убиле директно човек, туку индиректно довеле до неговата смрт, бројката пак е фрапантна. Супербактериите за една година убиле 1,27 милиони луѓе.
До 2050 ќе имаме 10 милиони случаи годишно?
„Овие нови податоци ја откриваат вистинската скала на антимикробна отпорност ширум светот и се јасен сигнал дека мора да дејствуваме сега за да се бориме против заканата. Претходните процени предвидуваа 10 милиони годишни смртни случаи од антимикробна отпорност до 2050 година, но сега знаеме со сигурност дека веќе сме многу поблиску до таа бројка отколку што мислевме.
Треба да ги искористиме овие податоци за да ги исправиме активностите и да поттикнеме иновации ако сакаме да останеме напред во трката против антимикробната резистенција“, напишал професорот Крис Мареј, коавтор на студијата од Институтот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот во Вашингтон.

Тоа што пиеме антибиотици го создава проблемот
Отпорноста на антибиотици често се опишува како една од најголемите закани за човештвото. Таа може да се појави природно, но прекумерната употреба и злоупотреба на антибиотски лекови во последниве години е главен двигател на проблемот.
Оваа студија е прва ваква и сеопфатна за светот. Таа кажува дека итно треба да дејствуваме.
Најмногу случаи има во Африка и во Азија
Засега, во смртноста водат субсахарска Африка и Јужна Азија, со 24 смртни случаи на 100.000 жители и 22 смртни случаи на 100.000 население, соодветно. Во развиените земји бројката е околу 13 смртни случаи на секои 100.000 луѓе.
Интересно е тоа што различни видови бактерии предизвикувале проблеми во различни делови на светот. Во субсахарска Африка, главните убијци беа „S. pneumonia“ и „K. pneumonia“ отпорни на лекови, додека „S. aureus“ или „E. coli“ беа главните проблеми во земјите со повисоки приходи.