НЕМА МЕСТО ВО ГЕРМАНСКАТА МОРНАРИЦА ЗА ПОЧИТУВАЧИТЕ НА ПУТИН За адмиралот Шонбах, Крим е засекогаш загубен
Адмиралот за време на една дебата изјави дека идејата Русија сака да ја нападне Украина е бесмислена. Тој додаде дека сè што сака Путин е за почитување.
Командантот на германската морнарица Кеј-Ахим Шонбах поднесе оставка поради коментарите што ги даде за Украина и рускиот претседател, Владимир Путин.
Адмиралот за време на една дебата изјави дека идејата Русија сака да ја нападне Украина е бесмислена. Тој додаде дека сè што сака Путин е за почитување.
Шонбах образложи дека ја поднел оставката од својата функција за да спречи дополнителна штета. Неговиот коментар за Украина и Путин беше даден за време на дебата во Индија во петокот, а видеото подоцна беше објавено на социјалните мрежи.
Во видеото, Шенбах вели дека Западот мора да го третира Путин како еднаков. „Лесно е да му се даде почитта што ја бара, а веројатно и’ заслужува“, рече тој.
Тој истакна и дека Полусотровот Крим е засекогаш загубен за Украинците.
Украинското Министерство за надворешни работи ги опиша коментарите на Шонбах како „категорично неприфатливи“.
Неколку земји и’ доставија оружје на Украина, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, но Германија го одби барањето на Украина за муниција. Русија ги отфрли тврдењата дека има намера да ја нападне Украина.
Претседателот Владимир Путин упати барања до Западот за кои вели дека се однесуваат на руската безбедност, вклучително и спречување на Украина да се приклучи на воената одбранбена алијанса на НАТО.
Тој, исто така, сака НАТО да се откаже од воените вежби и да престане да испраќа оружје во Источна Европа, сметајќи го тоа како директна закана за безбедноста на Русија.
Во меѓувреме, Обединетото Кралство го обвини Путин дека планира да постави промосковска фигура на чело на украинската влада.
Шефот на НАТО предупреди дека постои реална опасност од нов конфликт во Европа, откако околу 100.000 руски војници се собраа на границата.
Околу 90 тони американска „смртоносна помош“ пристигна во Украина, во услови на тензии поради акумулацијата на руски војници на границата. Велика Британија објави претходно оваа недела дека испраќа одбранбено оружје и дополнителни војници на обука. Неколку други членки на НАТО испраќаат воен материјал или распоредуваат сили.
Германија одби да испрати оружје во Украина, а наместо тоа понуди да испрати теренска болница.
Министерката за одбрана Кристин Ламбрехт изјави за Велт ам Зонтаг дека Берлин веќе и доставил респиратори на Украина, а тешко повредените украински војници се лекуваат во германските воени болници. Украина го осуди одговорот на Германија, обвинувајќи го Берлин дека го поткопува западното единство со тоа што одбива да и пренесе оружје на Украина или дозволува некои нејзини сојузници да го сторат тоа.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во серија објави на Твитер рече дека ставот на Германија го поттикнува Путин да нападне.
And here’s a second part of the video pic.twitter.com/DIio1EXgYN
— Mathieu von Rohr (@mathieuvonrohr) January 22, 2022