ЃОКОВИЌ ЧЕКА АВИОН Тажна слика на аеродромот во Мелбурн (ФОТО)

На социјалната мрежа Твитер веќе се објавени неколку фотографии од Новак на аеродромот. Тенисерот е фотографиран како влегува во чекалната на аеродромот и како седи, а целата атмосфера делува некако тажно.

3,901

Светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со полициска придружба се наоѓа на аеродромот во Мелбурн, каде во 22.30 по локално време треба да ја напушти Австралија и да биде депортиран после одлуката на Федералниот суд.

На социјалната мрежа Твитер веќе се објавени неколку фотографии од Новак на аеродромот. Тенисерот е фотографиран како влегува во чекалната на аеродромот и како седи, а целата атмосфера делува некако тажно.






Тој прво треба да пристигне во Дубаи, а летот од Мелбурн до Емиратите трае 14 часа.

Според одредени српски медиуми, не се очекува Ѓоковиќ прво да отпатува за Белград, туку тоа би се случило за неколку дена.

Поради одлуката на Федералниот суд во Австралија, Ѓоковиќ ја изгуби можноста да игра во Мелбурн на Австралија опен и да атакува на 21 рекорден грен слем трофеј.

— FOXSportsAUS (@FOXSportsAUS) January 16, 2022

Поврзани содржини