КОЛБАСИТЕ НА БАБА АНЧЕ Мераклиски преспански лукајнци мејд ин Детроит

Нашата пријателка од Детроит, Македонката Аница Клокановска не се откажува од традицијата, готви по рецептите на својата мајка иако веќе пола век живее во Америка и ги почитува и американските и македонските празници и обичаи.

759

Кујната на баба Анче или во оригинал, на мешавина од македонски и англиски, Baba Ance’s Kitchen, е името на фејсбук страница и јутјуб канал со македонски рецепти на Аница Клокановска, Македонка која живее во Америка цели 50 години. Таа не се откажува од традицијата, готви по рецептите на својата мајка и ги почитува и американските и македонските празници и обичаи.

Родена е во Село Наколец, во Преспа, но заминала од дома на само 16 години, кога родителите ја испратиле кај вујко ѝ кој живеел во Виндзор, Канада. На 17 години се омажила и се преселила во Детроит, во Америка, каде што живее со својот сопруг со кој неодамна прославила и златна свадба, осносно, 50 години во брак со својот Илија.






Повеќе за ова побарајте на порталот „АРТ КУЈНА“.

Поврзани содржини