„ЖЕШКАТА“ СЦЕНА ПОМЕЃУ РЕЉА И КАМКА ВО СЕРИЈАТА „БЕСА“ Режисерот раскажа што било најтешко
Интимните сцени помеѓу македонската актерка Камка Тоциновски и српскиот музичар Реља Поповиќ ги изненадија гледачите.
Сцената од жестоката секс-акција на српскиот пејач Реља Поповиќ со македонската актерка Камка Тоциновски од хит серијата „Беса 2“, веќе крена голема прашина и внимание кај публиката, пишуваат српските медиуми.
Популарниот изведувач на трап музика, Реља Поповиќ, наишол на позитивни коментари од публиката и филмските критичари по сцените во втората сезона од серијата „Беса“, а интимните сцени со колешката од Македонија, Камка Тоциновски ги изненади гледачите, а за нив е заслужен режисерот Милан Тодоровиќ кој за медиумите зборувал за тие кадри, но и за способностите на Реља.
„Тој стана мојот омилен домашен актер. Никогаш претходно не сум слушнал за него. Кога ми кажаа дека тој бил во групата „Елитни одреди“, прво што прашав беше: „Луѓе, како тој ќе толкува толку важна улога“. По снимањето се прашував зошто тој не глуми во секој домашен филм или серија. Тој е феноменален актер. Дојде на снимање подготвен“, рекол Милан и додал:
„Кога ги снимаме интимните сцени, сите кои немаат потреба да бидат на сетот излегуваат. Потоа правиме пробно снимање кога актерите се облечени, а потоа се соблекуваат. Мене тие сцени ми се најтешки за работа. На крај, актерите немаат ништо на себе, а јас морам да им кажувам дали можат малку подобро да водат љубов или да го намалат доживувањето. Да е филм, би ги тргнал и чаршафите, но кога правите серија, немате можност да го направите тоа. Серијата се прикажува на телевизија, а мора многу работи да бидат сокриени. Беше страшно бидејќи и мене и на Реља тоа ни беше првата сцена во серијата. Меѓутоа, откако тоа го тргнавме од дневниот ред, па Камка и тој станаа поблиски во продолжението на приказната“, открил режисерот.
Веќе првиот ден Поповиќ морал да се ослободи од тремата, а според мислењето на колегите сѐ му одело од рака, особено уверливоста и емоциите во кадровите.
Камка ја толкуваше една од главните улоги во филмот на Милчо Манчевски, „Врба“, а се зборува дека ќе има улога и во најновиот негов филм со наслов „Кајмак“.
FOTO: PROMO/SERGEJ RADOVIĆ