ИМАТЕ ВОСПАЛЕНИЕ НА ГРЛОТО? Јаболковиот оцет може да ја ублажи болката
Јаболковиот оцет има киселост која ги убива бактериите, а напитокот се подготвува многу лесно
Во зима често се зборува за акутно воспаление на грлото кое обично ги опишува фарингитисот (воспаление на грлото), тонзилитис (воспаление на крајниците) и ларингитис (воспаление на гркланот). Ова се и едни од најчестите причини заради кои пациентите одат кај матичен лекар.
Најчести симптоми на воспаление на грлото се: болки во грлото, отежнато голтање, зголемени лимфни јазли на вратот и покачена температура.
Во народната медицина постојат бројни методи за решавање на овој проблем. Овој секако не е највкусниот, но јаболковиот оцет е одличен избор поради високото ниво на киселост што многу ефикасно ги убива бактериите. Кога медот се додава во јаболковиот оцет, неговата ефикасност за ублажување на грлоболката се зголемува бидејќи помага и за ублажување на болната чувствителност во грлото.
Што ви е потребно за овој народен лек прочитајте на порталот „АРТ КУЈНА“.