ФОЛКСВАГЕН „ПОЛО“ УДРИ ВО КОЊ Гостиварец возел по автопатот накај Кичево
Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М.(48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди. Помош му била прижена во гостиварската болница „Ферид Мурад“.
Годинава, по гостиварските сообраќајници имало 16 несреќи предизвикани од животни. Од нив најмногу, десет биле со кучиња, две со коњи. Возачите имале и “блиски средби“ со дива свиња, јазовец, срна и една овца.
Такво нешто се случило и ноќеска, половина час по полноќ, кога во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (27) удрило во животно.
Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М.(48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди. Помош му била прижена во гостиварската болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.