ШТО ВЕЛИТЕ НА ВЧЕРАШЕН ГРАВ ЗА РУЧЕК? Јадења кои се повкусни следниот ден
Гулашот, густите супи и сосовите со месо стануваат повкусни кога стојат бидејќи желатинот подобро се поврзува со останатите компоненти, особено со зачините, што особено доаѓа до израз во јадењата со мелено месо.
Ако ја оставите салатата зачинета со оцет и масло за подоцна, ќе добиете сад со овената трева – но ако почекате неколку минути пред да го ставите печеното месо или шницлите на масата, ќе уживате во сочното месо полно со сокови само затоа што не сте се фатиле веднаш за ножот.
Можеби науката зад стоењето на остатоците од ручекот не е на страната на варениот зеленчук, но затоа добро зачинетиот гулаш или грав, лазањите и уште некои други, ќе бидат божествени дури и третиот ден. Причината за ова може да бидат кромидот, лукот, пиперките и зачинските билки, кои за време на готвењето минуваат низ разни реакции со протеини и скроб кои влијаат на аромата. Откако таквата храна ќе го одлежи своето во фрижидер, а потоа ќе се загрее, некои од реакциите ќе продолжат, аромите ќе се преплетуваат и ќе се заокружат, а јадењето ќе добие уште повеќе вкусови.
Гулашот, густите супи и сосовите со месо стануваат повкусни кога стојат бидејќи желатинот подобро се поврзува со останатите компоненти, особено со зачините, што особено доаѓа до израз во јадењата со мелено месо. Лазањата е исто така еден пример за тоа како храната може да биде повкусна следниот ден. Тестото станува сочно и полно со вкус, а текстурата е помека. Пробајте некои од рецептите кои стануваат повкусни со стоење и скратете го времето поминато во кујната.
Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.