ДЕНЕС СЕ СЛАВИ КАТОЛИЧКИ БОЖИЌ Раѓањето на Синот Божји во Витлеемската пештера
Католичкиот Божиќ најчесто се слави со размена на подароци и поминување време со семејството
Католиците денес, на 25 декември го слават Божиќ, Раѓањето Христово, на Синот Божји во Витлеемската пештера според Грегоријанскиот календар. Прославите обично започнуваат вечерта на Бадник, 24 декември, во голема мера поради литургискиот ден кој започнува на зајдисонце претходниот ден, практика наследена од еврејската традиција на одбележување на саботата.
Католиците слават со миса на полноќ. Церемонијата, која се одржува во црквите ширум светот, го слави раѓањето на Христос, за кое нашироко се верува дека се случувало ноќе. Додека католичките семејства ширум светот го слават божиќниот оброк со различно месо, многу Италијанци слават јадејќи риба. Тоа е традиција што италијанските доселеници ја понесоа со себе низ светот, почнувајќи од почетокот на 20 век.
Католичкиот Божиќ најчесто се слави со размена на подароци и поминување време со семејството.
Свети Августин, во своите дела, рекол дека датумот избран за сеќавање на раѓањето на Исус е „денот кој е најкраток во нашата земна пресметка и од кој следните денови почнуваат да се зголемуваат. Затоа, тој што се наведна ниско и нè подигна, го избра најкраткиот ден, но оној (ден) од каде светлината почнува да расте“.
Исус бил пронајден во пештерата од Трите мудреци, Мелхиор, Каспар и Балтазар кои 12 дена следела ѕвезда на небото за да ги одведе таму. Тие му дале на Исус три симболични подароци.
Неколку милијарди луѓе денеска го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, но прославата е под сенка на пандемијата на коронавирусот втора година по ред, особено поради појавата на новиот сој Омикрон. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ќе служи миса и ќе се обрати на традиционалната божиќна „Порака до градот и светот“ (Urbi et Orbi).
Папата синиоќа служеше миса на Бадник во црквата Свети Петар, додека околу 2.000 верници со маски пред базиликата ја следеа церемонијата на екраните. Тој ги повика верниците повторно да ги „откри јат малите радости на животот“ и да бидат понизни. На мисата, која беше преведена на повеќе јазици, присуствуваа амбасадори и претставници на други христијански цркви. Имаше околу 200 свештеници, бискупи и кардинали, кои исто така носеа маски.
Неколку стотици луѓе се собраа вчера вечерта во Витлеем, палестински град на окупираниот Западен Брег. Миса се служеше на Филипините, кои беа погодени од тајфунот Раи, во кој загинаа околу 400 луѓе, а десетици илјади останаа без покрив над главата.
Од друга страна, многу авиокомпании откажаа повеќе од 2.300 летови низ светот поради ограниченото патување поради Омикрон.
Коронавирусот ја натера Холандија да воведе карантин, познатиот Бродвеј ги откажа божиќните прослави, додека Шпанија и Грција повторно го воведоа задолжителното носење маски на отворено.
Во Франција вчера беа регистрирани новозаразени 94.000 луѓе, што е најголем број од почетокот на епидемијата во таа земја, додека во Велика Британија се заразени над 122.000 луѓе.
Во Јужна Америка, исто така, се воведени построги мерки, како што се задолжителна вакцинација или затворање на границите.