ЗБОРУВАЈТЕ МИ ЗА ФЕМИНИЗАМ Даница пред 93 години летала авиони

Во еден весник е дури запишано дека Даница е првата жена од Југославија, која „направила лупинг“.

476

Денеска е нормално и е очекувано жените да бидат пилоти и да управуваат со авиони. Но, во првата половина од минатиот век тоа било вистинска реткост.

Повеќе предвоени весници сведочат за несекојдневниот настан што се случил во 1928 година, кога на прославата од 15-годишното постоење, на стариот белградски аеродром се појавила Даница Томиќ, која ги воодушевила присутните со неверојатните акробации на небото, додека управувала со својот двокрилен авион. Во еден весник е дури запишано дека Даница е првата жена од Југославија, која „направила лупинг“.






Даница била во брак со мајорот Миодраг Томиќ, командантот на 6-тиот воздухопловен пол на Југославија, за кого е евидентирано дека е пилотот со најголем број на победи во Првата светска војна.

Поврзани содржини