ЗАВОДНИКОТ ОД ХИТСЕРИЈАТА „КАСАНДРА“ ПРЕД 20 ГИ КРШЕШЕ СРЦАТА Денес изгледа неверојатно! (ФОТО)

Маркантниот Порториканец влезе во седмата деценија од животот и се променил со само неколку брчки на лицето.

2,081

Иако поминаа две и пол децении откако последен пат го видовме славниот Игнасио од ултрапопуларната серија „Касандра“, тој сѐ уште изгледа одлично.






Во една од првите латински теленовели што ја освои планетата, Освалдо Риос толкуваше две улоги, Игнасио и неговиот брат близнак Луис Давид. Маркантниот Порториканец влезе во седмата деценија од животот и се променил со само неколку брчки на лицето.

Жените воздивнуваа по него, се шпекулираше дека пејачката Шакира не можела да му одолее, со голема возбуда прераскажуваа епизодите од хит-сапуницата – на тоа многу добро се сеќаваме, но ако го погледнете неговиот инстаграм-профил ќе се изненадите, затоа што тој изгледа фантастично како во старите добри времиња на „Касандра“.

Освалдо зад себе има три брака и три сина, а од 2015 година е во врска со колешката Ивелин Гиро. Во октомври го прослави својот 61 роденден, но изгледа барем 20 години помладо. Јасно е дека важбалницата му е омилено хоби.

ФОТО: Инстаграм/Јутјуб

Поврзани содржини