ИСКОПАЛ ДИЈАМАНТ НА НИВА, ЗАРАБОТИЛ 58.800 ЕВРА Ќе ги искористи за образование на неговата ќерка (ВИДЕО)
Возбуден и среќен поради неговото ненадејно богатство, Синг вели дека има намера да ги потроши парите за образованието на своите деца.
Мулајам Синг, земјоделец од областа Пана во индиската сојузна држава Мадја Прадеш, на својата нива ископал дијамант од 13 карати, вреден повеќе од 58.800 евра. И други земјоделци од неговото место копале дијаманти. Уште шест помали груби камења ќе бидат продадени на аукција, а власта ќе им ги подели парите на луѓето, јавува МИА.
Областа Пана во индиската држава Мадја Прадеш е позната по своите рудници и наоѓалишта за дијаманти. Тоа се должи на вулканските ерупции што се случиле пред неколку векови.
Возбуден и среќен поради неговото ненадејно богатство, Синг вели дека има намера да ги потроши парите за образованието на своите деца.