ИЗНЕНАДЕНИ СМЕ ОД ПОТЕГОТ НА АЛТЕРНАТИВА Партијата на Зијадин Села ќе продолжи да работи како посебен политички субјект
Претседателството на нашата партија во наредните денови ќе преземе став како е постапува околу коалицијата што ја имаме со Алтернатива на локално ниво, рече пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири.
Изненадени сме од чекорот што го направи нашиот досегашен коалициски партнер, рече пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, на денешната прес-конференција, коментирајќи го потегот на Алтернатива да ја напушти коалицијата и да се приклучи на владиното мнозинство.
– Продолжуваме со работа во Собранието како посебен политички субјект. Ние сме изненадени од ваквиот чекор на Алтернатива. Претседателството на нашата партија во наредните денови ќе преземе став како е постапува околу коалицијата што ја имаме со Алтернатива на локално ниво – рече Азири.
Тој соопшти дека Иљире Даути е избрана за координаторка на пратеничката група на Алијанса за Албанците, отккако синоќа пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, на својот Фејсбук профил објави дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на Алтернатива и Алијанса за Албанците.