НАСА НАМЕРНО ЌЕ ПРОБА ДА ПУКА ВО АСТЕРОИД Лансирана е ракетата, време е да ја спасиме Земјата (ВИДЕО)

Десет дена пред ударот, од бродот ќе бидат откачени мини-камери за да го снимаат сударот и да емитуваат слики назад на Земјата. Ако сè оди како што треба, астероидот ќе ја смени патеката, а НАСА ќе докаже дека и навистина ќе може да нè штити од апокалипса како во филмот „Армагедон“. 

585

Вселенската компанија НАСА сака да проба да пука и да ја пренасочи патеката на астероид кој доаѓа кон Земјата, а вселенското летало „ДАРТ“, или по нашки „стрела“, беше лансирано од базата „Вандерберг“ во САД. Научниците за оваа намена искористија ракета на Илон Маск од неговата компанија Спејс Икс, јавува МИА.

 






Ракетата „Фалкон 9“ се отцепи од земјата 240 километри северозападно од градот Лос Анџелес. Потоа бродот, кој е голем колку еден автомобил се откачи од неа. Тој ќе патува десет месеци и ќе помине 6,8 милиони километри за да се судри со астероидот. Десет дена пред ударот, од бродот ќе бидат откачени мини-камери за да го снимаат сударот и да емитуваат слики назад на Земјата. Ако сè оди како што треба, астероидот ќе ја смени патеката, а НАСА ќе докаже дека и навистина ќе може да нè штити од апокалипса како во филмот „Армагедон“.

Како дел од тестирањето на планетарниот одбранбен систем, НАСА успешно лансираше вселенски брод чија задача е да удри во астероид и да го пренасочи од траекторијата што потенцијално може да доведе до судир со Земјата.

фото: твитер/принтскрин

Избраниот астероид не претставува вистинска закана за Земјата и е мал по големина во споредба со катаклизмичното небесно тело од овој вид што ја погоди нашата планета пред околу 66 милиони години, кога изумреа диносаурусите. Научниците велат дека помалите астероиди се многу почести и дека теоретски, тие претставуваат многу поголема опасност на краток рок.

Поврзани содржини