СОЧУВСТВО ОД ЕУ Унијата е солидарна со Македонија и со Бугарија во ужасната несреќа
Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, исто така, изрази сочувство за семејствата и блиските на починатите во несреќата и им посака брзо закрепнување на повредените.
Претседателите на Европскиот парламент, Совет и на Европската комисија изразија сочувство по автобуската несреќа која однесе 46 животи во Бугарија.
– Ужасно, дознаваме дека најмалку 45 лица, од кои 12 деца, загинаа во автобуска несреќа во Бугарија, ноќеска. Изразуваме искрено сочувство и им посакуваме сила на нивните семејства и пријатели. Нашите мисли се со Бугарија и со Северна Македонија на овој трагичен ден – објави претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, исто така, изрази сочувство за семејствата и блиските на починатите во несреќата и им посака брзо закрепнување на повредените.
– ЕУ е солидарна со вас во овие ужасни времиња – напиша таа.
Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, порача дека ЕУ е подготвена да испрати помош на секаков можен начин.
– Нашите мисли се со жртвите на ужасната несреќа во Бугарија, нивните семејства и сите работници во првите редови – напиша Мишел на Твитер.