МИЦКОСКИ ГИ НАЈАВИ ПРОМЕНИТЕ ВО ОХРИД Започна изградбата на булеварот Македонски просветители

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ќе се обидат на локално ниво да покажат дека можело поинаку и дека можат сите заедно да работат чесно и да ги исполнат очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира.

940

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата на активности оние кои што беа започнати, но и оние кои што сега ќе започнат а беа дел од ветувањата на програмата на Кирил Пецаков, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти. Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ – истакна Мицкоски.






Тој потенцираше дека ќе се обидат на локално ниво да покажат дека можело поинаку и дека можат сите заедно да работат чесно и да ги исполнат очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира.

– Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници – изјави пред новинарите лидерот на опозицијата.

Денес започнуваме со изградба на булеварот „Македонски просветители“ кој што документационо беше завршен во изминатиот период, изјави денеска градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

– Во моментов само ќе тендерираме уште две работи кои што не беа завршени по однос на документација и бидејќи проектот ќе биде во изградба, односно рокот е шест месеци тековно ќе ги средиме документите и самиот тендер за осветлување. Така ќе имаме комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и секако две коловозни ленти кои што ќе се движат во двата правци – потенцираше Пецаков.

Поврзани содржини