ВЛАДАТА НА ЗАЕВ Е ДИВОГРАДБА Опозицијата повторно бара предвремени избори

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека на локалните избори СДСМ и Заев доживеаја пораз, губејќи ја довербата на електоратот.

283

Најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, порачува дека актуелната Влада предводена од премиерот Зоран Заев, владее без мнозинството во Собранието.

– Заев владее без мнозинство, власта нема легитимитет, брзи избори веднаш. Заев нема политичко мнозинство во Собранието. Неговата влада е дивоградба – се вели во кусото соопштение испратено од партијата.






Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека на локалните избори СДСМ и Заев доживеаја пораз, губејќи ја довербата на електоратот.

– Народот на 31 октомври јасно се одлучи за промени. Волјата на народот не е претставена во Собранието и затоа треба да има предвремени парламентарни избори. СДСМ изгуби со над 100.000 гласови. Заев го има најлошиот  резултат кој СДСМ некогаш го имале. Тоа е најголемиот пораз на таа партија – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини